Николас Кејџ ќе се жени по четврти пат

Холивудскиот актер Николас Кејџ ќе се жени по четврти пат со 19 години помладата девојка од него Ерика Коика. Венчавката Кејџ вели дека ќе ја направат во Лас Вегас.

Кејџ и Ерика се забавуваат повеќе од две години, а нивната врска почнала веднаш откако актерот се развел од неговата трета сопруга Алис Ким, со која бил во брак 12 години. Со неа Кејџ го има синот Кал Ел Копола Кејџ (13).

Кејџ прв пат се ожени со Патриша Аркер, брак кој траел 6 години. Потоа следела венчавката со Лиса Мери Присли. Тој брак траел две години.

Кејџ има уште еден син, актерот Вестон Копола Кејџ, кој го добил од вонбрачната врска со актерката Кристина Фултон.

Scroll to Top