Американскиот музичар Нил Дајмонд најави дека нема да ја продолжи турнејата бидејќи лекарите му дијагностицирале Паркинсонова болест. Музичарот требаше да одржи серија концерти во Австралија и на Нов Зеланд.
Во соопштението тој им се извинил на сите што сакале да го чујат во живо и додал дека планира уште долго да пишува, снима и да работи на други проекти.
Нил Дајмонд утре ќе наполни 77 години, а в недела на церемонијата на доделувањето на музичките награди „Греми“ ќе ја прими наградата за животно дело.