Нил Дајмонд боледува од Паркинсонова болест

Американскиот музичар Нил Дајмонд најави дека нема да ја продолжи турнејата бидејќи лекарите му дијагностицирале Паркинсонова болест. Музичарот требаше да одржи серија концерти во Австралија и на Нов Зеланд.

Во соопштението тој им се извинил на сите што сакале да го чујат во живо и додал дека планира уште долго да пишува, снима и да работи на други проекти.

Нил Дајмонд утре ќе наполни 77 години, а в недела на церемонијата на доделувањето на музичките награди „Греми“ ќе ја прими наградата за животно дело.

Scroll to Top