Ноле пристигна во Лондон каде се подготвува за Вимбелдон

На само два дена пред почетокот на турнирот на АТП серијата во Квинс, Новак Џоковиќ се појави во предградието на Лондон каде ги поздрави своите фанови.

Најдобриот српски тенисер по поразот од Италијанецот Марк Чекинат, во четвртфиналето од Ролан Гарос, одлучи да ја прифати вајлд картата за турнирот во Квинс, иако и самиот ја најави можноста дека ќе го пропушти.

Овој турнир ќе му биде генерална проба пред Вимбелдон, третиот гренд слем во сезоната.

„Се вратив на турнирот во Квинс, за прв пат по 2010 година. Среќен сум што сум овде. Ова е еден од најубвите терени на светот“, напишал Ноле на социјалните мрежи.

Scroll to Top