Норман Ридус се повредил за време на снимањето на серијата Walking Dead

Глумецот Норман Ридус доживеа незгода за време на снимањето на Walking Dead. Инцидентот се случил на 11 март во Џорџија.

„Нормен за време на снимањето доживеа потрес на мозoкот. Сега се опоравува и наскоро се очекува да се врати на работа“, рече неговиот портпарол Џефри Чесен.

За потсетување, за време на снимањето на Walking Dead се случија серија несреќи вклучувајќи ја и трагичната смрт на каскадерот Џон Бернекер во 2017 година.

Претходно во 2015 година, за време на снимањето на петтата сезона, повторно имало инцидент поврзан со Ридус. За време на снимањето тој си ја исекол раката. Моментот бил снимен со камера, но никогаш не бил објавен во серијата.

Scroll to Top