Нова истрага против Шакира, на пејачката и се заканува казна од нови осум години затвор

Шпанскиот суд денеска објави дека отворил нова истрага против колумбиската музичка ѕвезда Шакира, во врска со наводната измама на приходот и данокот на додадена вредност во 2018 година.

Судот во североисточниот град Есплугес де Лобрегат, во близина на Барселона, не дал други детали во изјавата, објави Ројтерс.

На познатата пејачка на крајот на годината се очекува да и се суди за друг случај поврзан со заостанатите даноци од 14,5 милиони евра кои ги должи за периодот од 2012 до 2014 година.

Во тој случај, обвинителот бара затворска казна до осум години против 46-годишната ѕвезда чие целосно име е Шакира Изабел Мебарак.

Адвокатскиот тим на Шакира соопшти дека ќе коментира подоцна во текот на денот.

Scroll to Top