Разголени гради, еротски танчарки и дрога – сево ова беше премногу за Одборот за филмска цензура на Малезија.
Овие сцени во филмот „Hustlers“ со латино дивата Џенифер Лопез беа доволни за да се стави забрана за прикажување во конзервативата земја каде мнозинството од населението се муслимани.
Оцената на Одборот е дека „филмот не е соодветен за јавно прикажување“ и филмот нема да игра во кината во земјата иако беше најавен.
Малезискиот дистрибутер на филмот, Square Box Pictures, ја потврди забраната за прикажување на Instagram.
Филмот за стриптизетите кои ќе ги измамат нивните богати клиенти од Волстрит одлично поминува на киноблагајните во САД и Европа.
Џеј Ло, Констанс Ву, Џулија Стајлс, Лизо и Карди Б. Играат во филмот снимен по вистинска приказна што првпат беше објавена како вест во New York Magazine во 2015 година.
Ова не е прв случај на забрана или цензура на филмови во Малезија. Одборот за филмска цензура годинава ги цензурираше сцените со геј секс во биографскиот филм за Елтон Џон „Rocketman“, но дозволи негово прикажување.