Њујорк на италијански начин

Италијанското дуо Долче и Габана го раскажа своето доживување на Њујорк и Америка. Традиционалната „алта мода” годинава се одржа во култната Metropolitan Opera House во Њујорк.

Дизајнерите направија фасцинантен кастинг на модели, ѕвезди како Наоми Кембел, Ешли Греам, Меј Маск, што му даде дополнителна атрактивност на целото шоу.

Сите културолошки, социјални и општествени обележја на Њујорк беа пресликани во визијата на Долче и Габана, модифицирани во луксузни креации со беспрекорен дизајн.

Статуата на слободата, Бруклин, облакодерите на Менхетан, жолтите такси возила, The Empire State Building и секој сегмент од темпераментот на Њујорк, се дел од раскошната „разгледница” на градот, онака како што ја доживува италијанското дуо.

Scroll to Top