Обама ја откажа роденденската забава

By

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, ја откажа забавата по повод неговиот 60. роденден. Тој ја откажа журката по големиот број критики на негова сметка дека организирал забава во време кога бројот на заболени од коронавирус е сè поголем.

dobivaj vesti na viber

Обама имаше план да направи голема забава со 475 гости, вклучувајќи и свои соработници и познати личности, како Опра Винфри, Стивен Спилберг, Џорџ Клуни и други. Журка ќе има, но со многу помал број гости.

„Поради ширењето на делта-сојот во изминатите неколку дена, господин и госпоѓа Обама одлучија да го намалат бројот на гости и да ги поканат само членовите на семејството и блиските пријатели за неговиот роденден“, изјавила нивната портпаролка за „Њујорк тајмс“.

Прославата треба да се одржи во неговата голема куќа на островот Масачусетс, која ја купи за 11,75 милиони долари. Гостите што ќе бидат присутни на забавата претходно се замолени да се вакцинираат против вирусот. Обама денес полни 60 години, а журката е планирана за викендов.

 

 

Ќе ви се допадне

go88 play fun play go88 GO88 – Game bài đổi thưởng uy tín

tại sunwin về máy sunwin đánh bài sunwin bị bắt