Обама се облече како Дедо Мраз, ги израдува децата во болница

Поранешниот претседател Барак Обама ги израдува децата и вработените во Детската болница во Вашингтон, каде се појави облечен како Дедо Мраз да им даде новогодишни подароци.

На големо воодушевување на сите присутни, тој се појави во болницата и почна да ги прегрнува сите присутни, да разговара со пациентите и вработените, а на сите дечиња им додели и симболични подароци за празниците.

За време на посетата на болницата, Обама им се заблагодари на сите вработени за тоа што секојдневно се грижат за болните деца, а дури сними и видео за сите оние кои не биле во можност да се запознаат со него.

„Имав можност да зборувам со некои од дечињата и нивните неверојатни семејства во време што очигледно е тешко за нив. Можам само да замислам колку во тие ситуации им се потребни вакви добри доктори и сестри на сите нив, да ги сослушаат, да им помогнат, да ги прегрнат. Тоа е најважното нешто. Ова е одличен пример за тоа што е најважно во оваа празнична сезона“, изјави поранешниот американски претседател Барак Обама.

Scroll to Top