Трејлерот за документарниот филм за холивудската ѕвезда Пол Вокер конечно ја виде светлината на денот.
Документарецот го следи животот на ѕвездата од „Брзи и бесни“. Вокер трагично настрада во сообраќајна несреќа во Лос Анџелес во 2013 година, на 40 години.
Двеминутниот трејлер прикажува интервју со негови најблиски соработници и оние кои најдобро го познаваат, членови на семејството, директори, колеги, актери, негови снимки од младоста, како и од периодот непосредно пред да настрада.
Ако сте го сакале Пол колку и ние, сигурно сте помислиле: „Зошто баш тој, а не некој од нас?“, изјавил Тајриз Гибсон, еден од неговите најблиски пријатели и колеги во филмот, „Брзи и бесни“.
Премиерата на филмот I Am Paul Walker е закажана за 11 август оваа година.