Објавено видео од крајот на „Игра на тронови“: Фановите разочарани

Едноминутен осврт на последните две епизоди од „Игра на тронови” протече на интернет и ако е веродостоен, според коментарите потоа, илјадници обожаватели ќе бидат разочарани.

Видеото набргу беше тргнато. Сепак, оние што го виделе освртот пред да биде тргнат од интернет, веќе објавуваат негативни коментари за серијата.

– Пари колку сакате, актерска постава на столетието и моќна ТВ-мрежа зад вас… И, вие сепак успеавте да ја упропастите најдобрата серија во историјата. Какво достигнување! А и оние протекувања за крајот на серијата! Каков распад, коментираа обожавателите на Твитер.

И Светските медиуми наголемо пишуваат за тоа како, наводно, ќе заврши серијата, но од почит он оние што не сакаат да го дознаат крајот, велат дека во друга прилика ќе ги објават деталите .

Scroll to Top