Објавиени првите семејни фотографии од венчавката на Меган и Хари

Кралското семејство ги објави првите официјални семејни фотографии од принцот Хари и Маган Маркл по нивната свадба што се одржа на 19 мај. На една од фотографиите се и останатите членови на семејствата. Ова претставува прва заедничка фотографија од целото кралско семејство.

На една фотографија принцот Хари и Меган се во романтична поза, седнати на скали. На третата фотографија војвотката од Сасекс позира со нејзиниот сопруг и малите деверуши и девери. Меѓу нив се и децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, принцезата Шарлот и принцот Џорџ. Групните фотографии се направени во Зелената соба во замокот Виндзор.

Светските медиуми пишуваат дека фотографиите со американската актерка како стои покрај нејзиниот сопруг од кралско семејство, кралицата Елизабета Втора и нејзината мајка, која е инструктор по јога, покажуваат колку се сменило кралското семејство.

Фотографиите се дело на Алекси Лубомирски.

Scroll to Top