Облеков сукња за да си го луфтирам, им одговори Бред Пит на новинарите по премиерата во Берлин

Откако Бред Пит се појави во здолниште на премиерата во Берлин на филмот „Bullet Train“, јавноста се прашуваше зошто Пит наместо костум, одбрал здолниште.

Новинарите на Скај њуз го прашаа Пит да го искоментира својот изглед во Берлин, на што холивудскиот актер на шега одговори „облеков сукња да си го луфтирам“.  И додаде дека здолништето им го препорачува на мажите во Британија доколку сакаат да ја задржат ладнокрвноста, алудирајќи на неподносливата топлина во последните денови.

Филмот кој својата премиера ја имаше во Берлин е акциона комедија трилер во режија на Дејвид Лич, напишан од Зак Олкиевич. Заснован е на истоимениот роман на Котар Исака.

Бред Пит изјави дека во време на пандемија, сценариото на неговиот нов филм го испорачува потребниот хумор.

Во филмот играат Бред Пит, Џои Кинг, Арон Тејлор Џонсон, Брајан Тајри Хенри, Ендрју Који, Хиројуки Санада, Мајкл Шенон, Зази Битс, Логан Лерман, Карен Фукухара, Маси Ока и Сандра Булок.

Интересно е што додека работел на овој филм, Пит повторно се сретнал со Дејвид Лич, со кого претходно соработувал. Лич сега е успешен режисер на некои од најголемите акциони наслови во последниве години.

Scroll to Top