Оскаровката Сали Филдс (71) во својата книга „Во делови“, која наскоро ќе биде објавена открила за злоупотребата што ја трпела со години од нејзиниот очув, но и за тајниот абортус што го имала на 17 години во Мексико.
Во мемоарите, таа пишува дека очувот, додека нејзината мајка не била дома, ја повикувал во спалната соба. „Тогаш знаев“, напишала таа. „Во истиот момент се чувствував како беспомошно дете, а не бев. Сакав да бидам дете“, додала.
Во книгата останало нејасно кога почнала злоупотребата, но се наведува дека престанала кога таа имала 14 години. Неколку години подоцна, поточно во 1968 година, мајка ѝ се развела од очувот.
Сали ѝ признала на мајка ѝ дека очувот ја злоупотребувал дури кога имала 66 години во 2012 година.