Од рак почина Волфганг Петерсен, режисерот на култните филмови „Троја“ и „Совршена бура“

Волфганг Петерсен, германскиот режисер кој ги режираше филмовите „Троја“ и „Совршена бура“, почина на 81 година од рак на панкреасот.

Петерсен беше ценет режисер во Калифорнија, каде и живееше, но и во својата татковина, а работеше со ѕвезди како Клинт Иствуд, Дастин Хофман, Харисон Форд, Џорџ Клуни, Бред Пит, Рене Русо и Глен Клоуз.

Епскиот филм Das Boot („Бродот“) за екипажот на германска подморница во текот на Втората светска војна, со Јирген Прохнов и Херберт Гронемаер во главните улоги, беше номиниран за шест Оскари и му го отвори патот кон Холивуд. Тој беше номиниран за режија и адаптација на сценариото, а филмот беше номиниран и за кинематографија, монтажа, звук и монтажа на звук.

Голем хит беа и неговите филмови „Приказна што никогаш не завршува“, научнофантастичниот филм „Непријателски рудник“, но и политичкиот трилер „Во линија на огнот“ со Клинт Иствуд од 1993 година. Во текот на наредната деценија продолжи да снима успешни филмови меѓу кои и „Епидемија“ со Дастин Хофман, „Совршена бура“ со Џорџ Клуни и „Троја“ со Бред Пит.

 

Scroll to Top