На американскиот актер Џони Деп му беше одземена шансата да го повтори судењето во Велика Британија, откако минатата година го загуби спорот
Во декември 2020 година, Деп побара повторно судење во врска со неговата тужба против британскиот таблоид „Сан“, за напис во кој тој беше наречен „домашен насилник“, откако неговата поранешна сопруга Амбер Херд изјави дека е жртва на насилство, а судот потоа потврди дека тврдењето е „во основа точно“.
Судијата денес го отфрли повторното судење, а адвокатите на Деп издадоа изјава:
„Доказите презентирани на минатонеделното сослушување покажуваат дека постојат јасни и објективни причини за сомневање во одлуката донесена во Велика Британија“, рече Џоел Рич.
Да се потсетиме, актерот неодамна ја обвини својата поранешна сопруга дека чува поголем дел од парите, од 7 милиони долари, што ги добила во спогодбата за развод, наместо да ги даде во добротворни цели како што ветила.
Амбер се разведе од актерот во 2016 година, од кого доби огромна сума пари, и вети дека ќе ги донира подеднакво на Детската болница во Лос Анџелес и Американската унија за граѓански слободи.
Сепак, адвокатите на Деп контактирале со двете организации во текот на изминатата година за да дознаат дали Амбер ги донирала парите. Детската болница не открила колку пари добила од Амбер, а „Дејли меил“ пишува дека добиле само 100.000 долари.
Како што е опишано во налогот за забраната и разводот: „Парите не играа никаква улога за мене лично и никогаш не играа, освен до степен до кој можев да ги донирам во добротворни цели и се надевам дека со тоа ќе им помогнам на оние што се помалку способни да се бранат “, рече Амбер во 2016 година по разводот.