Одложен летот со кој Вилијам Шатнер требаше да патува во вселената

Глумецот Вилијам Шатнер, познат по неговата улога како капетан Кирк, во „Ѕвездени патеки“, денеска не полета во вселената како што беше планирано.

Од компанијата на Џеф Безос, „Блу Ориџин“, со која Шатнер требаше да патува во вселената, велат дека морале да го одложат летот поради лошото невреме.

Тие требало да полетаат во средата, но, силниот ветер создал пречки, па така Шатнер сега ќе почека пред да стане најстарата личност која некогаш отишла во вселената, пишува „Си-ен-ен“.

„Работите кои некогаш ги глумец сега ќе можам да ги видам од прва рака“, рече Шатнер и дополни дека е воодушевен, но и загрижен и помалку нервозен и уплашен поради новата авантура.

Од компанијата на Безос најавија дека Шатнер ќе биде на следниот лет заедно со Едру Поверс, потретседателката на компанијата. Тие ќе заминат со уште двајца други членови, а ќе полетаат од место во Западен Тексас. Првиот лет компанијата го направи пред три месеци со екипаж.

Екипажот сега ќе ужива четири минути во безгравитациониот простор, во 11 минутното патување во суборбиталниот простор. Вакво слично нешто направија и Џеф Безос и неговиот брат ова лето.

 

Scroll to Top