Одложена премиерата на „Mатрикс 4“

Warner Bros одлучи да ја одложи премиерата на филмот „Matrix 4“. Наместо во 2021 година, филмот ќе биде прикажан дури во 2022 година, пишува Screen Rant.

„Matrix 4“ нема да биде прикажан сè до април 2022 година бидејќи не е завршено снимањето кое беше паузирано во март поради ширењето на пандемијата на коронавирусот.

Продуцентите потврдија дека снимањето ќе продолжи во јули оваа година. Во филмот ќе се појават Кијану Ривс, Нил Патрик Харис, Пријанка Чопра, Џесика Хенвик.

Кијану Ривс се приклучил кон проектот „Matrix 4“, оти за него „тоа е едно прекрасно сценарио и чудесна приказна“.

Scroll to Top