Одложени премиерите на двата нови филма на Том Круз

Премиерите на двата долгоочекувани филма со Том Круз, „Топ ган: Маверик“ и „Невозможна мисија 7“, повторно се одложени поради силниот бран на делта сојот во САД.

Премерата им е пролонгирана за понатаму, затоа што филмските студија стравуваат дека преносливиот сој на коронавирус, ќе ја одврати публиката од одење во киносалите.

 

„Парамаунт“ ја помести премиерата на продолжението на „Топ ган“ од 1986 година за шест месеци, односно за мај 2022, додека седмиот дел на „Невозможна мисија“ место во мај 2022, ќе излезе во септември следната година. „Топ ган: Маверик“ оригинално требаше да излезе уште лани.

Scroll to Top