Ограбен домот на Иги Азалеја

Австралиската пејачка и раперка Иги Азалеја во полиција пријавила дека непознат маж го ограбил нејзиниот дом во Атланта и дека ѝ украл накит вреден 336.000 долари. На пејачката ѝ била украдена дијамантска алка вредна 70.000 долари и златен часовник со дијаманти вреден 57.000 долари, но како и дијамантска бурма.

Таа во полицијата раскажала дека била сама во подрумот од куќата на 15 ноември, кога слушнала чекори во дневната соба. Помислила дека тоа е нејзиното момче кое требало да дојде во секој момент и дека заради тоа ја оставила вратата отклучена. Случајот го пријавила во полиција два дена подоцна, на 17 ноември, откако забележала дека ѝ ја нема торбата во која го чувала накитот. Иги на полицијата ѝ ги дала и снимките од надзорните камери на кои се гледа маж кој влегол во куќата од задната врата во 21:51 часот и излегол осум минути подоцна со торба во рацете. Полицијата го бара крадецот.

Scroll to Top