Оливија Њутн Џон проговори за борбата со ракот

Пејачката и актерка Оливија Њутон Џон не го губи оптимизмот и покрај тоа што пред неколку месеци откри дека ѝ се вратил карциномот на градите. Ракот метастазирал и зафатил дел од нејзината карлица поради што имала и проблеми со движењето.

Неодамна Оливија гостуваше во емисијата „60 минути“ на австралиската национална телевизија и за првпат по долго време проговори за борбата што ја води секој ден.

„Сега можам да одам, но на куси дестинации. Сето тоа е застрашувачко за мене. Ќе излажам ако речам дека не бев преплашена. Но, си реков дека мора да поминам низ сето ова“, рече пејачката.

Таа додаде дека најтешко од се ѝ било да се справи со силната болка. Се обидувала да одржува концерти, но тој потег, вели, бил очајнички.

„Во моментов ми помага медицинската марихуана, а ја одгледува и подготвува мојот сопруг“, додаде таа. „Имав неверојатен живот и немам причина да жалам за ништо.“

Scroll to Top