Опериран актерот Алек Болдвин

By

Холивудскиот актер Алек Болдвин е опериран во Лос Анџелес. Нему му бил пресаден вештачки колк, па сега се опоравува од операцијата.

Неговата сопруга Хиларија постојано била покрај него и преку твитер-пораки ја известила јавноста за операцијата на 59-годишниот Болдвин.

„Благодарам на сите на убавите желби. Знам колку од вас стравуваат кога и какви новости ќе слушнат. Тука дојдовме многу рано, операцијата мина добро. Ќе бидам покрај него за време на опоравувањето“ напишала таа во пораката.

Хиларија, која е инструктор по јога, во моментов е бремена со нивното четврто дете. Тие се родители на 4-годишната Кармен, 2-годишниот Рафаел и 1-годишниот Леонард. Од бракот со Ким Бесинџер, Алек Болдвин ја има ќерката Ајралнд. Таа има 21 година и се бави со манекенство.

Ќе ви се допадне