Опра: Ако луѓето ве озборуваат, бидете среќни што говорат за вас

Поранешната најпопуларна американска водителка Опра Винфри, за Thrive Global, отворено проговори за животот и дава совети за секого како да ги разоткрие мостовите кои треба да ги мине за да успее, а кој треба да ги сруши.

Опра вели дека успехот воглавно процветува кога се во прашање промените и новите работи. Новите можности, новите идеи, новите познанства, новите перспективи, новите потфати.

„Ако имате цел ѝ сакате да ја остварите, значи дека ќе морате да се жртвувате и да запловите во водите на непознатото. Понекогаш успехот не произлегува од нешто ново, туку со елиминацијата на нешто старо“, вели Опра.

„Една од најтешките работи во животот е да научите кои мосотви треба да ги минете, а кои да ги срушите. Ако не сте успешни оноколку колку што сакате, ако не сте среќни колку што сакате да бидете, наместо да барате нови мостови, разгледајте ја опцијата да ги срушите некои од старите“, вели Опра.

Грижете се за тоа што другите луѓе мислат за вас

Кога ќе пробате нешто ново, кога ќе пробате нешто што луѓето се плашат да го пробаат, тие ќе зборуваат за вас. И тоа не е убаво. Единствен начин да ги спречите луѓе да ве осудуваат или критикуваат е да го работите она што сите луѓе сакаат да го работите. Но, тоа значи дека ќе бидете успешни само онолку колку што се ѝ тие успешни. Наместо да се грижите што другите луѓе ќе мислат за вас, бидете среќни што зборуваат за вас. Тогаш сте на вистинскиот пат.

Грижете се за тоа што го имате, наместо за тоа што го работите

Психолозите тоа го велат „хедонистичка адаптација“. Го знаете ли она „ВАУ“, чувство кое го имате кога ќе купите нешто ново? Тоа ќе исчезне многу брзо. Исто е и кога ќе купите нова куќа, нов автомобил, нов намештај или нова гардероба. Што значи дека ќе морате да купите уште за да се вратите на тоа „ВАУ“ ефект.

Тоа имлицира дека никогаш нема да бидете задоволни со тоа што го имате. Чувството на задоволство кое е долготрајно доаѓа од делењето, не од поседувањето. За да се чувствувате добро во својата кожа и на кратки и на долги патеки, помогнете му на некого. Не мора тоа да биде некој сиромашен. Можете да им помогнете на вработените да развијат вештини за да успеат во кариерата. Можете да му помогнете на некој пријател кој се мачи за да ја достигне својата зададена цел. Знајте дека сте биле дел од промените во нечиј живот. Тој „ВАУ“ ефект ќе се задржи во вас многу подолго време, отколку што сте мислеле.

 

 

 

Се грижите затоа што сакате да ја пронајдете таа една голема идеја која го менува животот и светот

Повеќето од нас никогаш нема да ја пронајдат таа една идеја која има сила да го промени нашиот тек на живот, а можеби ис ветот. Дури и да помислиме на нешто такво ексклузивно, имаме ли начин и средства да го имплементираме и промениме? Дали имаме одговарачки вештини, знаења и пари? Можеби имаме, а можеби и немаме.

„Но, еве што секој од нас сигурно има. Илјади и илјади мали идеи“, вели Опра.

Тоа значи дека не мораме да ја бараме таа една голема идеја, ако ги оствариме малите идеи една по една.

Успехот е процес. Среќата е процес

Со оглед на тоа дека основа на секој процес е делење, а не помислата, престанете да барате голема идеја и да работите на остварување на тие мали идеи.

Гржете се околу тоа се да биде совршено

Природно е да се плашите да завршите некој проект. Кога сте готови, идејата или планот, производот или услугата треба понатаму да плива или да потоне. А последно што сакаме е нашиот труд да потоне.

Но, идеите, плановите, производите, услугите, никогаш нема да запливаат, ако не ги завршиме и не ги лансираме. Дајте се од себе и запливајте. Ако бродот не е добар, можете да го поправите. Ако и понатаму не плови, можете да се обидете нешто друго или да научите нешто од вашите грешки и искуства.

Грижете се за тоа дали сте среќни

„Затворете ги очите и замислете дека некој ви го зема сето тоа што моментално го имате. Семејството, работата, компанијата, куќата се! Што се случува потоа? Сваќате дека сте имале толку многу од тоа што е многу поважно од она што во моментов го немате. Сваќате колку сте безгрижни, успешни и среќни во моментот. Потоа отворете ги очите и буквално, но и фигуративно. Можеби ќе бидете среќни, но ако помислите на тоа, животот е веќе доволно добар“, вели Опра.

Секоја вечер пред спиење помислете на се што имате. Направете го тоа и немојте да се грижите за тоа дали сте среќни или не. Затоа што знаете дека сте.

 

 

 

Scroll to Top