Американската водителка Опра Винфри (64) ги минува најтешките денови од животот. На Денот на благодарноста почина нејзината 83-годишна мајка Вернита Ли во својот дом во Милвоки. Оваа информација ја потврди и портпаролот на семејството, кој додаде дека погребот се одржал во кругот на семејството. Водителката преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите за зборовите на поддршка.
Вернита работела како домашна помошничка, па поради работата не можела да ги подигне децата. Тоа е причината што Опра била одгледана од нејзината баба до шестата година. Водителката секогаш имала комплициран однос со нејзината мајка, тие се смириле во 1990 година, во шоуто на Опра. По тоа, тие често се сретнувале и се дружеле, а Опра и финансиски ѝ помагала.
Водителката никогаш не стана мајка, но, како што вели таа, не жали поради тоа. Со оваа одлука се согласил и нејзиниот партнер Стедман Греам (67).
Таа објасни дека е задоволна што им помага на децата во светот. Во Јужна Африка, во 2007 година, таа основала училиште за 172 девојчиња кои не биле во можност да се образуваат дотогаш.