Опра Винфри сака директорот на „Дизни“ да биде претседател на САД

Американската ТВ водителка Опра Винфри го предложи главниот извршен директор на компанијата „Волт Дизни“ Роберт Игер, да биде идниот претседател на Америка.

Според нејзино мислење, ако Игер сака да на изборите во 2020 година да се кандидира на местото прв човек на САД, таа лично ќе му ја води кампањата.

„Навистина сакам Боб да биде идниот претседател на САД. Ако се одлучи да се кандидира, јас веднаш ќе одам и ќе му ги собирам гласовите во Ајова“, порача Опра, со која Игер долго време е голем пријател.

По предлогот на Опра, се огласил и Игер кој изјавил дека е преплашен од моменталната состјба на политичката сцена и дека сака да види некакви промени. Тој признал дека размислувал да се кандидира на следните избори во 2020 година за претседател, но минатогодшните успеси на „Дизни“ му ги продолжија обврските.

„Дизни“ минатата година ги откупи ТВ и филмските права од Century Fox компаниајта и го замолиле Игер да остане на чело на компанијата до 2021 година. Опра му порача дека таа е вистинската личност која може да го „турне“ во Овалната канцеларија, а тој само треба да посака да се вклучи во изборите.

Scroll to Top