Опра заработи 7 милиони долари од интервјуто со Меган и Хари

Водителката Опра Винфри заработи седум милиони долари од ексклузивното интервју со принцот Хари и Меган Маркл, пишуваат американските медиуми. Интервјуто го реализира нејзината компанија Harpo Productions, а Опра ги продаде правата за пренесување на интервјуто на станицата Си-би-ес за седум милиони долари.

Во интервјуто Меган и Хари зборуваа за расизмот и дисфункционалноста на кралското семејство, но и за проблемите на Меган со татко ѝ. Меган откри дека размислувала за самоубиство, а Хари рече дека тој и неговото семејство се чувствувале заробено додека воделе кралски живот.

Според процените, интервјуто го гледале во живо 17 милиони гледачи. Иако беше емитувано во ударен термин, овој број гледачи се смета дека е исклучително голем, во рангот на преносите на спортски настани.

Scroll to Top