Орландо Блум ќе го позајми гласот за принцот Хари во цртана серија

Орландо Блум ќе го позајми гласот на принцот Хари во цртаната пародија „Принцот“. Оваа серија ќе раскажува за животот на 6-годишниот принц Џорџ, внукот на Хари, инаку најстарото дете на Вилијам и Кејт. Проектот е инспириран од инстаграм-профилот на американскиот писател и продуцент Гери Џенети, кој се фокусира на младиот монарх.

Страницата на Гери на социјалните медиуми е исполнета со слики од Џорџ како фрла играчки врз своите брат и сестра, принцезата Шарлот и принцот Луис, приказни за неговиот чичко Хари и Меган Маркл, но и нивниот осуммесечен син Арчи и други членови на семејството, вклучувајќи ја и кралицата Елизабета.

Серијата ќе се емитува на „Ејч-би-о макс“, а Гери, освен што ќе ја напише и продуцира серијата, ќе му го позајми гласот на Џорџ.

Освен Орландо и Гери, гласовите ќе ги позајмат и Ајван Раон како принцот Вилијам, Луси Панч како Кејт Мидлтон, а Кондола Рашад ќе го позајми гласот на Меган Маркл.

Scroll to Top