Орландо Блум сака многу деца со Кети Пери

Холивудскиот глумец Орландо Блум во едно скорешно интервју откри дека сака да има деца со пејачката Кејти Пери. Тој веќе има син од првиот брак со моделот Миранда Кер, но вели дека сака големо семејство.

„Навистина сакам да уживам со семејството и пријателите, мојот син и да имам уште повеќе деца. Сакам да бидам сигурен кога ќе почнам да го остварувам тоа, тоа да биде со полно срце и многу јасно, а не да е само романтична идеја“, рекол 42-годишниот глумец.

„Кога си помлад, сите сме обземени од холивудската идеја за љубов и врски, брак и деца. Тоа што навистина е потребно е комуникација и компромис“, додал тој и рекол дека љубовта е во „едноставните и мали моменти“.

Орландо и Кети се верија на Валентајн оваа година. Засега не откриваат кога ќе се венчаат, но според светските медиуми нивната венчавка би можела да биде во декември, мала и интимна церемонија со најблиски членовите на семејство и неколку пријатели.

Scroll to Top