Италијанската актерка и поранешна манекенка, Орнела Мути (64), треба да плати 30.000 евра казна оти наместо на рецитал во Италија, заминала во Русија на вечера со Путин. Организаторите на рециталот, кои наплаќале билети и ја најавиле Мути како ѕвезда на вечерта, ја тужеле глумицата, па судот досудил во нивна полза.
Италијанската ѕвезда е прогласена виновна за користење лажно лекарско оправдување со цел да го избегне рециталот во местото Порденоне и да замине во Санкт Петерсбург на вечера Владимир Путин. Таа се правдала дека не множе да дојде на рециталот зашто има ларингитис и температура. Скандалот се случил во 2010 кога Путин бил премиер.
На вечерата освен Орнела биле и други ѕвезди од шоу бизнисот како Жерар Депардје, Моника Белучи, Голди Хоун, Кевин Костнер и Шерон Стоун.
Врховниот суд на Италија ја казни актерката со шест месеци условна затворска казна и парична казна од 500 евра. Освен тоа, таа ќе треба на театарот во Порденоне да му плати казна од 30.000 евра, затоа што таму требало да настапи таа вечер. Ако не плати ја казната, ќе оди во затвор.