Осамен Џек Николсон, чека да умре сам

Холивудскиот глумец Џек Николсон во скорешно интервју за магазинот „Клоусер“ откри дека одамна е осамен и дека не му се допаѓа неговиот сегашен живот. Тој вели дека не може да разговара со жени во јавноста како порано, затоа што важи за женкар.

„На моја возраст тешко дека ќе запознаам жена со која ќе останам до крајот на животот. Чекам да умрам сам“, рекол 82-годишниот глумец во интервјуто.

Николсон раскажал дека најмногу од сè  жали што ја прекинал 16-годишната љубовна врска со актерката Анџелика Хјустон. За нивното раскинување вели дека бил „еден од најтешките периоди во неговиот живот“. Со глумицата се запознале во 1973 година. Врската ја прекинале поради неговата афера со актерката Ребека Лореин, со која има два сина. Пред врската со Анџелика Хјустон, Николсон беше во брак со актерката Сандра Најт, од 1962 до 1968 година. Од таа врска ја има ќерката Џенифер, која сега има 52 години.

Николсон со Анжелика Хјустон

Последната јавна врска на Џек Николсон е со глумицата Лара Флин Бојл. Врската ја почнаа 1999 година, неколку години живееја заедно, а раскинаа 2006 година.

Во интервјуто Николсон раскажува и дека спие до 13 часот, па откако ќе стане, оди да се прошета до соседниот имот. Куќата некогаш му припаѓала на неговиот некогашен пријател Марлон Брандо, а сега ја поседува Николсон за да ужива во уметничките предмети во неа. Додал и дека нема соседи, ниту комуникација со некого. Единствено кога сака да се опушти, оди да игра голф.

„Ги бројам деновите до крајот“, рекол тој.

Scroll to Top