Оскарите и оваа година без водител

И оваа година, церемонијата на доделување Оскари нема да има водител. Претседателката на ТВ-мрежата Еј-Би-Си, Кери Берк, кажа дека  и овој пат преносот ќе се “ фокусира на она што добро функционираше лани, како добра забава, врвни музички настапи и многу смеење“.

Лани преносот привлече 29,6 милиони гледачи, што е втора најслаба гледаност во историјата, помала за 12% во споредба со 2018. Комичарот Кевин Харт требаше да ја води церемонијата, но се повлече по скандалот со стари навредливи твитови.

„Еј-Би-Си и Академијата за филмски уметности и наука се согласија церемонијата да оди без домаќин втора година по ред“, изјави Берк.

Номинациите за Оскар ќе бидат објавени в понеделник и меѓу нив може да се најде и македонскиот документарец „Медена земја“.

Scroll to Top