Хакерот што ги украде голите фотографии од холивудската актерка Џенифер Лоренс и ги објави во јавност е осуден на една година затвор.
Станува збор за Џорџ Гарафан од Конектикат. Тој е осуден на осум месеци затвор, а кога ќе ја издржи казната, ќе биде под посебен надзор и ќе мора да одработи 60 часа општествено корисна работа.
Тој е еден од четворицата уапсени во 2014 година во хакерскиот скандал кој стана познат по тоа што ги објави голите фотографии на Џенифер Лоренс, Кејт Аптон, Кирстен Данст и многу други славни лица.
Меѓу погодените од нивниот хакерски упад биле и стотина други не толку популарни лица.
На судењето во април тој призна дека на жртвите им се претставувал како член од персоналот на „Епл“ и барал од нив да му ги испратат нивните кориснички имиња и лозинки. Многумина му поверувале и му ги дале личните информации, пишува „Индипендент“.
Џенифер Лоренс ваквиот напад го изедначи со сексуално злосторство и побара од судот построга казна за осудените.