Осум жени го обвиниле Морган Фриман за сексуално злоставување

Осум жени го обвиниле холивудскиот глумец Морган Фриман за сексуално злоставуавње и непримерено однесување. Веста за нивните обвинувања ја објави „Си-ен-ен“. Жените со кои разговарале новинарите на оваа телевизиска станица велат дека 80-годишниот глумец се однесувал непримерно, ги допирал, го коментирал нивниот изглед.

Меѓу жените што го обвиниле Фриман е и асистентка на продукцијата која работела на филмот „Во голем стил“. Таа рекла дека глумецот ја злоставувал неколку месеци, дека ја допирал и го коментирал нејзиното тело и облеката што ја носела, дека скоро секој ден својата рака ја ставал на долниот дел од нејзиниот грб и би го триел тој дел. Еднаш, тврди таа, глумецот се обидел да ѝ ја крене сукњата за да провери дали носи долна облека.

„Сите кои ме познаваат или работеле со мене, знаат дека никогаш намерно не би повредил некого или би направил да се чувствува непријатно. Им се извинувам на сите кои се почувствувале непријатно или омаловажено. Тоа никогаш не ми била намерата“, изјавил 80-годишниот актер за Sky News.

 

Scroll to Top