Отфрлени се сите обвиненија против Алек Болдвин за убиството на снимателката Халина Хачинс на снимањето на филмот „Рѓа“, пренесе ABC. Глумецот беше обвинет по две точки за ненамерно убиство.
Хачинс ја застрела за време на снимањето на вестерн филмот во Ново Мексико во октомври 2021 година. Хачинс беше убиена од реквизит пиштолот со кој Болдвин пукаше и со кој го рани и режисерот Соуза.
Актерот ја отфрли одговорноста за убиството, бранејќи се дека никогаш не го повлекол чкрапалото и дека експертот за оружје Гутиерез Рид и било задача да го провери оружјето претходно и да се увери дека во него нема вистински куршуми.
За потсетување, снимањето на „Рѓа“ продолжи со Алек Болдвин во главната улога.