Водителката Керолин Флек, која почина минатата недела, се обесила, пишуваат британските медиуми. Тие го објавија извештајот од обдукцијата на телото. Со ова се потврдија нивните пишувања дека познатата водителка се самоубила. Тие пишуваа и дека Керолин веќе подолг период страдала од депресија.
40-годишната Флек беше пронајдена мртва во нејзиниот стан минатата недела. Таа се прослави како водителка на шоуто „Икс-фактор“ и „Љубовен остров“. Неодамна беше уапсена, откако нејзиното момче, Луис Бартон, ја обвини за домашно насилство, велејќи дека го натепала. Таа идниот месец требаше да се појави на суд за овој случај.