Познатиот холивудски глумец Овен Вилсон одбива да ја запознае својата ќерка Лија, рече неговата поранешна девојка Ворни Вонгсвиратес. Таа објасни дека не ги сака неговите пари и дека сè што сака е ќерка ѝ да порасне со татко.
Нивната врска траела пет години, а во 2018 се разделиле. Истата година Вилсон направил тест, кој потврдил дека тој е татко на малата Лија. Глумецот пред судот рокол дека не сака да ја види ќерка си и да биде нејзин старател.
„За жал, тој никогаш не ја запозна Лија. Помага финансиски, но тоа за мене не е клучното. Не ми требаат пари. Сакам само мојата ќерка да го запознае својот татко“, рече Ворни за „Дејли мејл“.
Таа објасни дека ѝ е жал за ќерка ѝ, а иронично и е тоа што Вилсон често добива улоги на грижлив татко.
„На Лија ѝ е потребен татко. Иронично е тоа што Овен постојано во филмовите добива улоги на татко. Тој и во неговиот најнов филм глуми родител што го запознава своето дете“, рече таа.
Ворни рече дека Вилсон немал проблем да се дружи со своите два сина Роберт и Фин, кои глумецот ги добил со неговите поранешни девојки Џејд Дуел и Керолин Лондквист.
Тој често зборува за нив во јавноста, што не е случај со Лија. Во шоуто на Елен Деџенерис, Овен гордо зборувал за своите синови и како помладиот се угледувал на постариот.
„Неверојатно е кога Роберт ќе каже нешто. Тоа е најсмешната работа на светот, а кога јас ќе се обидам да кажам некоја шега, ми прават лице. Веќе ги гледам како тинејџери се здружуваат против мене“, рече Овен во шоуто на Елен.