Овен Вилсон не сака да си ја види ќерка си, открива неговата поранешна девојка

Познатиот холивудски глумец Овен Вилсон одбива да ја запознае својата ќерка Лија, рече неговата поранешна девојка Ворни Вонгсвиратес. Таа објасни дека не ги сака неговите пари и дека сè што сака е ќерка ѝ да порасне со татко.

Нивната врска траела пет години, а во 2018 се разделиле. Истата година Вилсон направил тест, кој потврдил дека тој е татко на малата Лија. Глумецот пред судот рокол дека не сака да ја види ќерка си и да биде нејзин старател.

„За жал, тој никогаш не ја запозна Лија. Помага финансиски, но тоа за мене не е клучното. Не ми требаат пари. Сакам само мојата ќерка да го запознае својот татко“, рече Ворни за „Дејли мејл“.

Таа објасни дека ѝ е жал за ќерка ѝ, а иронично и е тоа што Вилсон често добива улоги на грижлив татко.

„На Лија ѝ е потребен татко. Иронично е тоа што Овен постојано во филмовите добива улоги на татко. Тој и во неговиот најнов филм глуми родител што го запознава своето дете“, рече таа.

Ворни рече дека Вилсон немал проблем да се дружи со своите два сина Роберт и Фин, кои глумецот ги добил со неговите поранешни девојки Џејд Дуел и Керолин Лондквист.

Тој често зборува за нив во јавноста, што не е случај со Лија. Во шоуто на Елен Деџенерис, Овен гордо зборувал за своите синови и како помладиот се угледувал на постариот.

„Неверојатно е кога Роберт ќе каже нешто. Тоа е најсмешната работа на светот, а кога јас ќе се обидам да кажам некоја шега, ми прават лице. Веќе ги гледам како тинејџери се здружуваат против мене“, рече Овен во шоуто на Елен.

Scroll to Top