Овен Вилсон одбива да ја види својата ќерка

Холивудскиот глумец Овен Вилсон не сака да ја види својата ќерка Лајла, која се роди минатиот месец. Актерот досега не ја посетил, а потпишал и на суд дека не сака да ја посетува ниту да има старателство врз неа. Лејла е ќерка на Овен и Варуни Вонгсвиратес со која глумецот имал врска од речиси пет години, но во текот на врската често раскинувале. Откако таа останала бремена, Вилсон побарал тест за татковство.

„Ова е приватна работа и не сакам да коментирам“, изјави пред неколку месеци неговиот претставник за медиумите.

Освен Лајла, Овен има и два сина, седумгодишниот Роберт и четиригодишниот Фин. Иако не е во контакт со ниту една од мајките на неговите двајца синови, глумецот поминува многу време со момчињата. Според  „Ју-ес магазин“, тој сепак нема такви намери со својата ќерка.

Scroll to Top