Памела Андерсон искрено за минатото: Се мразев себе си и тоа како изгледам, сите ги сметав за поубави

Глумицата Памела Андерсон во интервју за ET Canada, призна дека пред да позира за „Плејбој“ била срамежлица и дека мразела како изгледа.

„Срамежливоста беше нешто толку исцрпувачко. Мразев како изгледам. Мразев сè. Бев толку срамежлива и секогаш мислев дека сите други се поубави. Едноставно ја немав потребната самодоверба“, рече Памела.

„Одлучив да ризикувам и првпат се сликав за „Плејбој“ во 1989 година. Ми се чинеше дека паѓам од карпа. Навистина ми се чинеше како да само дозволувам наместо да се обидувам да ги контролирам работите. Првпат се чувствував толку слободно“, призна Памела.

Глумицата тврди дека преферира природен изглед, пеги и свежо лице без шминка. За потсетување, неодамна го промовираше документарецот на „Нетфликс“ Love, Pamela. Со бившиот сопруг и музичар Томи Ли, има два сина Томас Ли и Дилан Џегер Ли.

Scroll to Top