Памела Андерсон се омажи за својот телохранител

Поранешната плејбој-зајачица и глумица, Памела Андерсон (53), пред повеќе од еден месец се омажила за својот телохранител Ден Хејхурст, пишува „Дејли мејл“. Памела и Ден се венчале на католичкиот Бадник (24 декември), а церемонијата се одржала во нејзиниот дом во Ванкувер, Канада. На венчавката не присуствувале ни семејствата, а ни пријателите на двојката.

Памела и нејзиниот телохранител ја почнале врската пред речиси една година во целосното затворање поради пандемијата на коронавирусот. Ден во тоа време, освен што ѝ бил телохранител, ѝ помагал да ја реновира куќата.

„Една година со Ден ми изгледа како да се седум. Сега сум токму таму каде што треба, во прегратките на мажот што ме сака. Се венчавме на имотот што го купив пред 25 години од моите баба и дедо, местото каде што се венчаа и моите родители. А тие се сè уште заедно“, рекла Памела.

Ден ѝ бил телохранител на Памела две години. Тие почнале да се гледаат седум месеци по нејзиниот развод од својот претходен маж, продуцентот Џон Петерс, со кого беше во брак само 12 дена. Памела беше мажена и за тапанарот Томи Ли, пејачот Кид Рок и прдуцентот Рок Соломон. Ова ѝ е петти брак.

Scroll to Top