Парис Хилтон бара донатор на сперма

Парис Хилтон сакала да sтана мајка и веќе почнала да бара донатор на сперма, пренесоа странските медиуми.

Триесет и седумгодишната наследничка на хотелот „Хилтон“ веќе контактирала агенција и е подготвена да го награди момчето кое ќе ги исполни нејзините услови.

Таа бара донаторот да има добар изглед, високо ниво на интелигенција, но и да потекнува од добро семејство.

„Постои проблем бидејќи донаторите не се милионери. На богатите луѓе не им е потребно да ја продадат спермата. Хилтон смета дека самохрана мајка се вклопува со нејзиниот имиџ, таа може да направи сè и не ѝ е потребен маж за да успее“, рекол нејзин пријател.

Наводно, ѝ било преку глава од немањето среќа во љубовта. Таа била љубоморна на својата помала сестра Ники, која има две деца.

Scroll to Top