Парис Хилтон ја раскина свршувачката

Светската џет-сетерка Парис Хилтон ја раскина свршувачката со актерот Крис Зилка, десет месеци откако тој ја побара за жена во Аспен, Колорадо, со прстен вреден 2 милиони долари. Двојката пред свршувачката беше во врска две години.

Според американските медиуми, тие веќе неколку недели не живеат заедно, а не се појавуваат ни на јавни настани. Според извор на „Е! Њуз“, првите проблеми се појавиле пред околу 6 месеци, по што ја презакажале свадбата за следното лето. Последните два месеца многу се карале, и тоа била причината што Парис ја откажала свадбата.

Ова не е првпат Парис да раскинува свршувачка. Таа претходно беше верена и за грчкиот наследник на империја за бродови, Парис Латсис, но ја раскина свршувашката неколку недели пред свадбата.

 

Scroll to Top