Парис Хилтон ужива на одмор во хотел на Хаваи, додека владата моли туристите да заминат и да ослободат простор за бездомниците

Парис Хилтон била фотографирана во саботата како се забавува на плажа на Хаваи, поточно во градот Мауи, со нејзиниот сопруг и синот – и покрај тоа што претставниците на туризмот на Хаваи ги замолија посетителите да заминат за да ги ослободат хотелските соби за бездомниците и да им дозволат на официјалните лица на островот да се фокусираат на закрепнување од тешки пожари, објави Дејли Меил.

Хилтон е снимена во одморалиште во Ваилеа, на помалку од 50 километри од разурнатиот град Лахаина. Бројот на загинати во историскиот град се искачи на 96, што ја прави катастрофата најлошиот шумски пожар во САД во последните 100 години.

Помал пожар, во областа Кихеи во јужниот дел на Мауи, сè уште гори и е на само десет километри од нејзиното претојувалиште.

Парис на островот пристигнала во вторникот со сопругот Картер Реума и осуммесечниот Феникс – истиот ден шумските пожари го опустошија историскиот град Лахаина, горејќи до темел.

Scroll to Top