Патрик Демпси ги изненади фановите кога се појави во „Вовед во анатомија“

Патрик Демпси по шест години повторно се појави во серијата „Вовед во анатомија“ и го репризираше ликот на еден од омилените доктори, Дерек Шепард, кој почина во сообраќајна несреќа. Враќањето на МекДрими ги изненади фановите, но и актерите кои глумат во популарната серија, бидејќи неговото појавување се чувало во тајност, а знаеле само продуцентката Шонда Рајмс и главната глумица Елен Помпео.

„Ќе ме видите уште неколку пати во 17. сезона. Во ова несреќно време со пандемија, сакав да направам нешто убаво за фановите на шоуто, па прифатив пак да глумам во серијата. Но имав услов, да се појавам во неколку епизоди, или воопшто нема да се појавувам“, рекол популарниот глумец во шоуто на Елен ДеЏенерис.

Ненадејното враќање на МекДрими се случува откако неговата сопруга Мередит Греј (Елен Помпео) се онесвестува на паркингот пред болницата. Додека е онесвестена, во сон, Мередит го гледа пред себе Дерек на плажа.

Новата сезона на „Вовед во анатомија“ е посветена на пандемијата со коронавирусот.

Scroll to Top