Патриција не е жртва, вели семејството Гучи откако се закани со тужба за продуцентите на филмот со Лејди Гага

Откако беше објавен филмот „Куќата на Гучи“ на Ридли Скот, семејството Гучи им се закани на продуцентите дека ќе ги тужи поради начинот на кој се портретирани, особено дека Патриција Реџани – „Црната вдовица“ е претставена како жртва, соопштуваат италијанските медиуми.

Наследниците на Алдо Гучи (чија улога ја толкува Ал Пачино во филмот) тврдат дека продукцијата на филмот не се ни обидела да ги консултира, пред да ги опишат претседателот на компанијата и членовите на семејството Гучи како насилници, неуки и нечувствителни на светот околу нив.

„Ова е крајно болно од човечка гледна точка и навреда за наследството на кое денес се гради брендот“, додаваат тие.

Тие велат дека навредени од прикажувањето на Патриција како жртва, и покрај тоа што таа беше осудена за нарачување на убиството на Маурицио Гучи.

„Претставувањето на Реџани како жртва која се обидувала да преживее во машка и мачо корпоративна култура е уште понепријатно“, велат наследниците на Гучи.

Тие додаваат дека ваквото портретирање на Патриција се протега и во изјавите на членовите на актерската екипа, откако во едно неодамнешно интервју за британскиот Вог, Гага изјави дека не сака да „велича некој кој би извршил убиство“ преку нејзиното портретирање на Реџани, но сака да им оддаде почит на жените кои станале експерти за преживување низ историјата.

Семејството го отфрла тврдењата во филмот дека компанијата не ги вклучувала жените.

„Истакнувајќи ги овие неточности, семејството Гучи го задржува правото да преземе каква било иницијатива (неопходна) за заштита на своето име и имиџ“, се вели во соопштението.

За потсетување, Патриција Реџани (чија улога ја толкува Лејди Гага) помина 16 години во затвор поради планирање на убиството на нејзиниот поранешен сопруг и поранешен шеф на модната компанија, Маурицио Гучи (кого го толкува Адам Драјвер). Тогаш националните медиуми ја нарекоа „Црна вдовица“.

Scroll to Top