Пејачката Џеј легна на црвениот тепих да им позира на репортерите

Синоќешното доделување на „Оскарите“ помина во најдобар ред и немаше некакви посериозни инциденти како минатата година кога се погреши во доделувањето на наградата златна статуа за најдобар филм.

Сепак, во сеќавање ќе остане потегот на пејачката Андра Џеј, која веројатно првпат реши да легне на црвениот тепих и на тој начин да им позира на фоторепортерите.

Многумина велат дека Џеј на овој начин успеала да ги прекрши правилата и вистински да се избламира.

Додека имаше некои на кои им се допадна ваквиот потег, други велеа дека ова е тотално непристојно за ваква манифестација.

Scroll to Top