Пејачката Џос Стоун депортирана од Иран

Британската пејачка Џос Стоун беше депортирана од Иран, откако пристигнала како дел од својата светска турнеја, а во рамките на која сакала да ги посети сите земји во светот. Стоун вели дека само била во посета во Иран и дека немала намера да пее таму, но властите не ѝ поверувале дека нема да одржи јавен настап, па да је депортирале.

„Нѐ приведоа, па нѐ депортираа. Бевме свесни дека нема да можеме да одржиме јавен концерт бидејќи сум жена, а тоа е илегално во оваа земја. Признавам дека не ми се одеше во ирански затвор, ниту имам намера да ја менувам политиката на земјите во коишто патувам. Сепак, властите не ни поверуваа дека нема да одржиме јавен концерт, па нѐ ставија на црна листа. Нѐ задржаа преку ноќ и нѐ депортираа наредното утро“, напиша Стоун на Инстаграм.

Пред да дојде во Иран, Стоун настапи во Либија, а на нејзината необична турнеја успеа да одржи мали концерти и во Сирија, Северна Кореја и Саудиска Арабија.

Британката пред неколку години беше и во Македонија, одржа интимен концерт во МКЦ, а заедно со Каролина Гочева во Градскиот парк снимија видео за песната „Кој да ми запее“ од Каролина.

Scroll to Top