Пејачката на „АББА“, Агнета Фелтског најави соло кариера на 73-годишна возраст

Пејачката на „АББА“, Агнета Фелтског, потврди дека ќе објави нова песна, насловена „Where Do We Go From Here?“, обновувајќи ја својата соло кариера на 73 години. Таа го објави својот последен соло албум пред една деценија и со него стигна до шестото место на британската топ-листа.

Фелтског се обедини со останатите членови на „АББА“ пред две години за да го снимат албумот „Патување“.

„Светската премиера на песната е на Би-би-си рaдио 2. Вклучете се в четврток на 31 август во 8:30 часот“, напиша Фелцког на Инстаграм.

„На Агнета многу ѝ се допадна враќањето во студио со „АББА“ и тоа ја инспирираше да ја обнови својата соло кариера. Таа потпиша договор со издавачката куќа БМГ, чиј лондонски тим во изминатите месеци ѝ помагаше да го развие својот нов звук“, изјави извор близок на славната шведска пејачка.

Фелтског имаше успешна кариера во својата земја и пред формирањето на „АББА“, а првиот соло албум, отпеан на шведски јазик, го издаде пред 55 години.

„АББА„ е основана 1972 година, а последниве години членовите, по подолга пауза, повторно се обединија и одржаа неколку концерти. Групата се здоби со светска популарност во 1974 година, кога победи на „Евровизија“ со песната „Waterloo“.

Scroll to Top