Пејачката Софи Елис Бекстор откри дека ја силувал колега: Со часови немо гледав во полиците од неговата соба

Англиската пејачка Софи Елис Бекстор тврди дека кога имала 17 години ја силувал 29-годишен гитарист, чие име не сака да го открие. Иако му велела дека не е спремна за секс, таа вечер во неговиот стан ја изгубила невиноста, пишува Софи во својата автобиографија.

Софи вели дека инцидентот се случил пред 26 години, по концертот на кој настапил гитаристот, а таа била во публиката. Наводно, музичарот ја прашал дали сака да оди со него во неговиот стан за да погледне некои од книгите што ги има, пишува во книгата на Софи.

„Следно на што се сеќавам е дека почнавме да се бакнуваме. Одеднаш бевме на неговиот кревет и ми ги соблече гаќичките. Знам дека му велев ‘не’ и ‘немој’, но и тоа не помогна. Тој не ме слушаше. Имав секс со него. Ми беше срам. Така ја изгубив невиноста и се чувствував толку глупаво. Се сеќавам дека зјапав во неговите полици за книги и размислував дека е сега готово“, пишува во книгата.

Софи вели дека се убедувала себеси дека тоа што ѝ се случило не е силување затоа што тој не ја нападнал физички. Пејачката признава дека ѝ требало долго време да проговори на оваа тема, па вели дека тоа што својата траума ја чувала во тајност, направило да има самоубиствени нагони.

„Моето искуство не беше насилно. Сè што се случи таму беше поради тоа што тој не ме слушаше. Имаше двајца во приказната, едниот сакаше секс, другиот рече ‘не’ и тоа сепак се случи. Тој не ме слушна кога имав 17 години, но мислам дека сега ќе ме слушне“, вели таа.

Пејачката која се прослсави со хитот Murder on a Dance Floor од 2005 година е во брак со Ричард Џоунс, со кого има три сина, Сони, Кит и Реј.

Scroll to Top